Opel е првиот производител на автомобили во светот што нуди целосно електрично возило на батерии за рели трки. Електричниот натпреварувачки автомобили е базиран на Opel Corsa-e, кој веќе е достапен за нарачка и ќе ја има својата светска премиера на меѓународниот автомобилски саем IAA Франкфурт (отворени денови од 12 до 22 септември). Во 2020 година, Opel и ADAC ќе го започнат ADAC Opel e-Rally Cup, првиот брендиран рели-куп за електрични автомобили во светот.
Со новата серија, Opel и ADAC продолжуваат со успешното партнерство. Во изминатите години, ADAC Opel Rallye Cup беше совршен билет за собирање на околу 100 млади возачи од 18 земји. Најбрзите го покажува своите таленти на меѓународно ниво во тимот на ADAC Opel Junior Rallye. Јуниорите на Opel го освоија Европскиот шампионат четирипати едноподруго (од 2015 до 2018 година) со Opel ADAM R2. Новата Opel Corsa-e сега го заменува ADAM на рели етапите. Новиот натпреварувачки автомобил произведува 100kW (136 КС) и развива 260 Nm вртежен момент.
„Corsa-e е електричен автомобил за секого – целосно прилагодена на секојдневната употреба и апсолутно прифатлива, атрибути што подеднакво важат и за моторспортот. Новата Corsa е исто така забавна за возење и особено динамична. Користејќи ги сериските возила како основа, ние сме првиот производител на автомобили во светот што развивме електричен автомобил за рели трки“, вели Михаел Лохшелер, извршниот директор на Opel.
Херман Томжик, претседател ADAC Sport, додаде: „Со ADAC Opel e-Rally Cup, ние за првпат електричен погон го вклучуваме во спортот, а особено за поддршка на младите возачи. Иновативниот концепт и соработката со Groupe PSA отвора нови можности за нас, особено во поддршката на младите возачи. Сигурен сум дека ADAC Opel e-Rally Cup ќе го постави патот кон моторспортот далеку надвор од границите на Германија“.
Првично, ADAC Opel e-Rally Cup ќе се одржи за време на трките на германскиот шампионат во рели и на други избрани настани. Серијата треба да почне во летото 2020 година. Најмалку десет квалификациски рунди до 2021 година ќе формираат таканаречена „Супер сезона“. Пирамидата на поддршка за младите возачи е дел од концептот, која предвидува и ново издание на успешната академија ADAC Opel Rallye, основана во 2016 година, како прво ниво. Во тоа време, повеќе од 1.000 млади го покажаа својот интерес за уникатниот „кастинг за рели“, што водеше директно до ADAC Opel Rallye Cup за најталентираните учесници. Овој успешен концепт ќе биде продолжен и проширен во врвниот меѓународен ешалон на овој спорт.
Во следниот чекор по дипломирањето на академијата и ADAC Opel e-Rally Cup, најдобрите млади возачи ќе напредуваат на Европското јуниорско рели (Europena Junior Rally Championship) со новата Opel Corsa R2. Интеграцијата на Opel во Groupe PSA нуди дополнителни можности за врвните таленти: сестринската марка Peugeot се натпреварува со моќни машини FIA R5,а Citroеn дури и со светски рели автомобили, што е одлични можности за издигнување до највисоко ниво на меѓународен рели спорт.
„Opel има традиционално силни врски со релито“, вели Лохшелер. „Можеме да се гордееме на бројните успеси, вклучително и седум титули европски шампион, како и Светското првенство во рели во 1982 година со Волтер Рерл и Кристијан Геистарфер во Opel Ascona 400. Сега напредуваме со електричен погон и навивачите ќе бидат воодушевени со настапот на нашиот рели автомобил“.
Развој на Opel Corsa-e Rally во Риселхајм продолжува со брзо темпо. Петнаесет автомобили се планирани за 2020/2021 сезона во ADAC Opel e-Rally Cup. Цената за ваков подготвен автомобили за користење од Opel Motorsport ќе биде значително помала од 50.000 € (нето).