Apple во следните две години би можел да ги претстави своите први уреди со екрани на преклоп, се наведува во анализата на компанијата UBS, која ја пренесува американскиот CNBC, според која таквите уреди на американскиот технолошки гигант би можеле да му донесат дополнителни приходи.
Според анализата на компанијата UBS. кога конечно ќе се појави во продажба флексибилниот модел Galaxy Fold, Samsung најверојатно ќе ја заземе позицијата лидер во сегментот на преклопни телефони.
На Apple, меѓутоа, нема долго да се чека, бидејќи првите преклопни уреди од Купертино би можеле да се појават веќе следната година, иако пореална можност претставува 2021. година.
Apple's foldable iPhone may come second to the iPad https://t.co/EUwghEtJHn pic.twitter.com/4pl5MwDNRf
— CNET (@CNET) August 11, 2019
Имајќи ја во предвид повеќегодишната пракса на развој на нови уреди и шаблоните на компанијата по кои се одвива ваквиот развој, не е никаква тајна дека во Apple ги испитуваат сите околности за пласирање на флексибилен уред, но многу е извесно дека тоа нема да биде iPhone, пишува CNET.
Apple “посветено работи на таква технологија”, која најпрвин ќе биде премена кај iPad уредите, а дури потоа ќе биде имплементирана на iPhone. Подоцнежното претставување на iPhone на преклоп би му овозможил на Apple пониска цена, а со самото тоа и подобра прифатеност од купувачите, се наведува во анализата.
In addition to the rumors that the Touch ID will return to iPhones, the claims that Apple will launch a foldable iPhone remain on the agenda. Even if these expectations are true, it may take some time. #AMERİCA #apple #Canada #foldable #iPads #news #tech https://t.co/fuPJMtxSdE pic.twitter.com/qxee5vOEcS
— Latest News (@latestnewsplus) August 11, 2019
Во анкетата која UBS ја спроведе меѓу корисниците на уредите на Apple, една третина од анкетираните истакнале дека за таков уред би биле подготвени да платат и 500 до 600 долари повеќе во однос на стандардната цена на iPhone.
А тоа е цена пониска од 2.000 долари, што е сумата која беше најавена на претставувањето на Samsung Galaxy Fold.