Пред некое време, на LG му беше одобрен патент за паметно пенкало со свитлив дисплеј. Сега Канцеларијата за интелектуална сопственост во Јужна Кореја одобри трговска марка за името LG Rolling. Компанијата исто така поднесе неколку побарувања за заштита на имиња во април, кои делуваат како имиња за телефони на преклоп.
Roll, Bi-Roll, Dual Roll, E Roll, Singature R, R Screen, R Canvas, Roll Canvas и Rotolo се некои од можните имиња за идниот уред на LG, кој ќе биде достапен со LG Rolling Trade Mark.
Списокот на Јужна Кореја го класифицира уредот како Класа 9, и овие уреди вклучуваат мобилни телефони, LED дисплеи, монитори, мобилни направи и многу повеќе. Со оглед на тоа што LG во минатото претстави телевизори кои се превиткуваат, само прашање на време е кога компанијата ќе лансира телефон со истата функција.