„Microsoft“ ја прекина поддршката за „Windows Phone 8.1“, што значи дека повеќе нема да има ажурирања, ниту надоградба на безбедноста.
Мобилната платформа на компанијата „Microsoft“, која беше единствената што успеа барем малку да се доближи до сериозната конкуренција – „iOS“ и „Android“, повеќе не постои.
Oд пред два дена, „Microsoft“ ја прекина поддршката за „Windows Phone 8.1“, што значи дека повеќе нема да има ажурирања, ниту надоградба на безбедноста. Oва последното е особено важно, затоа што без заштитен телефон, уредот ќе биде мета на хакери.
Иако „Windows Phone“ веќе некое време е „мртов“, бидејќи неговиот удел на пазарот пред една година изнесуваше помалку од еден процент, ова е негов дефинитивен крај.
Oргинално претставен во 2010-та, тогаш многу ветуваше. Имаше елегантен интерфејс кој визуелно се разликуваше од „iOS“ и „Android“ и на своја страна иницијално имаше силни компании, вклучувајќи ги „HTC“, „Samsung“ и „LG“.
Меѓутоа, бројот на апликации за оваа платформа никогаш не успеа да им се доближи на оние на „Apple“ и „Google“. Полека, но сигурно, програмерите престанаа да развиваат апликации за „Windows Phone“ и „Microsoft“ се откажаа – прво од линијата „Lumia“, а тогаш и од тој софтвер.
Сешак, компанијата и натаму ги подржува „Windows 10 Mobile“, наследник на „Windows Phone“. Проблемот е во тоа што мал број телефони на „Windows Phone 8.1“ способен за преминување на „Windows 10 Mobile“.
Вака, како што моментално стојат работите, можеме да очекуваме во блиска иднина „iOS“ и „Android“ да немаат сериозна конкуренција.