Познато е колку Google инвестира во развојот на вештачката интелигенција на сите полиња од паметно пребарување, препознавање на лице и мачки, автономни автомобили се до роботи, а сега сака да му се приклучат и други компании кои се занимаваат со вештачка интелигенција. Затоа гигантот основаше инвестициски фонд за ризичен капитал под името Gradient Ventures, кој ќе понуди почетни средства на перспективни стартапи кои се занимаваат со развој на вештачка интелигенција.
Google вели дека Gradient Ventures на стартапите ќе им понуди финансиска поддршка и техничко менторство, па ќе имаат и пристап до експерти за вештачка интелигенција на Google како што се Реј Курсвел, Матијас Дуарте и Астра Телер.
Gradient под своја закрила веќе зеде четири стартапи: Algorithmia, кој развива продавници за AI алгоритми и модели; Aurimа, кој се занимава со сензорски системи и AI моделирање; Cape, кој развива хардвер за визуализација за дронови и Cogniac, кој прави софтвер кој помага за правење неурални мрежи.
Google нема намера со фондот да ги контролира стартапите, туку главната идеја е индустријата за вештачка интелигенција да расте. Секако, сигурно ќе се најде прилика и да купи некоја од компаниите пред конкуренцијата.
ИЗВОР: Vidi.hr