Мобилните телефони повеќе не се само метод на комуникација, туку се значајни емоционални и физички ресурси, согласно најновото Европско истражување на Samsung: 35 проценти од луѓето преферираат да им се позајми полнење на телефон отколку пари.
Студијата на повеќе од 6.500 испитаници покажува дека споделување батерија за телефон е многу значаен подарок во модерниот свет. Кога го позајмуваме нашиот телефон или неговата батерија, ние споделуваме личен дел од самите себеси и создаваме лично поврзување, кое има придонесено за раст на новиот вид на општествена вредност и човеково однесување – “дигитална добрина“.
Истражувањето покажува дека желбата на некој да му ја дадеш телефонската батерија е индикатор за тоа колку се грижиш, што го зголемува нивото на поврзаност (или желбата за поврзаност) со некого. На пример, испитаниците најмногу се двоумеле да ја споделат батеријата со странец (14%), наместо со колега (39%), член на семејството (72%), пријател или партнер (двете на 62%).
Во секој случај, споделувањето на батеријата има моќен исход за сите. 62% од луѓето велат дека тие би му купиле кафе на странец ако им дозволат полнење на батерија за возврат. 7% рекле дека дури би сакале да одат на состанок со него/неа.
Споделување на батеријата од телефонот може да се види како дел од модерното рандеву и како нешто што може да ја зацврсти романтичната врска: преку една петтина (21%) од сите испитаници рекле дека истото би било многу значаен гест на состанок. Сепак, 76% остануваат претпазливи и не би ја споделиле својата батерија со некој на првиот состанок, додека просечниот дел од нив претпочитаат да почекаат до третиот состанок.
Оваа најнова општествена валута во романтичните врски преовладува во Gen Z и миленијалците: околу две третини од испитаниците (62%) на возраст од 18-34 години би ја споделиле батеријата со личност која им се допаѓа со цел да ја запознаат подобро.
„Согласно истражување на Маслоу – психолог кој ги истражувал потребите кои го поттикнуваат човековото однесување – нашите телефони брзо прераснуваат во секојдневен приоритет,“ вели Кетрин Темплар Луис, бихевиорален психолог. „Понудувајќи нешто толку значајно како полнење на батеријата активира региони и хемикалии во мозокот кои што се поврзуваат со задоволство и доверба. Бранот на окситоцин предизвикува топол ефект на сјај, познат како ‘еуфорија на помагач’, која води кон појака општествена врска. Споделувањето на енергија е одличен начин за да се запознаат нови пријатели или да се поттикне романса затоа што отвора нова димензија во човековото однесување и интеракција.“
PowerShare технологијата на Samsung Galaxy S10 им овозможува на корисниците безжично да ја споделат енергијата од батеријата на телефонот со други компатибилни уреди. Истата е движечка сила на оваа општествена валута која е во развој.
„Новата технологија која им овозможува на телефоните безжично споделување на енергијата од батеријата ја отстранува зависноста од традиционалните полначи и помага во еволуцијата на модерното човеково однесување,“ вели Марк Нотон, Директор, Портфолио за мобилни продукти и стратегија, Samsung Electronics. „Интересно, нашето истражување открива дека давајќи му на некого дел од својата батерија за да му помогнеш е моќен начин на општествено поврзување и причина за поголема доверба во модерните врски. Прашувајќи некого да ја сподели енергијата со тебе или – или дури да споделите енергија со нив – истото може да прерасне во нешто вообичаено.“
Поврзани артикли