Францускиот претседател Емануел Макрон најави воспоставување на вселенска команда, која ќе биде дел од воздушните сили на оваа земја.
Макрон изјави дека вселенската команда ќе биде одговорна за одбраната на франциуските сателити и дека официјално ќе заживее во септември. Воздушните сили ќе бидат преименувани во Вселенски и воздушни сили, а се чини дека новата команда ќе ја замени постоечката француска Заедничка и вселенска команда, која е веќе одговорна за постоечкиот француски имот и координацијата со војските на другите европски земји.
Иако Франција ја има третата најстара вселенска агенција, дури во последните неколку години почна повеќе да се фокусира на вселената. Оваа земја планира да потроши 3,6 милијарди евра до 2025. година за да го лансира новиот воен сателит CS0-1, а потоа уште неколку сателити во следните години.
Во изминатите неколку години бројни земји сфатија дека вселената е идното подрачје на војување.
a