Сушата во Ирак предизвика нивото на водата да падне на толку ниско ниво, за во регионот на Курдистан да излезат на површина урнатините на палата стара 3400 години. Изненадувачки, тим од курдски и германски истражувачи веќе има воспоставено импровизирано место за копање. Археологот Хасан Ахмед Касим го нарече ова “едно од најважните археолошки откритија во регионот во последниве децении”. Главната причина зошто научниците се толку возбудени е фактот дека палатата, позната како Кемун, и припаѓала на империјата на Митани, една од најмалку истражуваните цивилизации во регионот.
Иако е прилично рано да се зборува, археолозите веќе имаат идеја за тоа како некогаш изгледала древната структура. Првично била издигната тераса од околу 20 метри од реката. Подоцна бил додаден ѕид од кал и тули на терасата, која во некои области била дебела два метри. Што се однесува до внатрешноста на палатата, некои соби имале малтерисани ѕидови, додека други содржеле ѕидни слики во нијанси на црвена и сина боја. Ова е само по себе “археолошка сензација”, бидејќи ова е само вторпат да се најдат преживеани ѕидни слики од периодот на империјата Митани.
Истражувачите досега откриле и десет глинени табли со клинесто писмо. Засега нема превод.