Изгледа дека разводот воопшто на Џеф Безос воопшто не влијаеше на плановите и намерите на неговата компанија Amazon, па тој и понатаму остана одлучен да го спроведе планот за креирање на глобална интернет мрежа.
Откако Елон Маск најави сличен проект неодамна, Amazon го следи во чекор и веќе побара дозвола од Федералната комисија за комуникација (FCC) на САД за да лансира 3.236 сателити во орбитата како дел од проектот наречен Project Kuiper. Како што велат најавите, целта на овој проект е да обезбеди интернет во „подзаборавените“ краеви од светот.
Плановите на Amazon за Project Kuiper беа најавени уште во април, но тогаш претставниците на компанијата не споделија детали за операцијата.
First 60 @SpaceX Starlink satellites loaded into Falcon fairing. Tight fit. pic.twitter.com/gZq8gHg9uK
— Elon Musk (@elonmusk) May 12, 2019
Во моментов Amazon бара компании кои би можеле да ги достават сателитите во вселената, а како еден од најсериозните кандидати се споменува Blue Origin, која беше формирана од Џеф Безос – основачот и сопственик на Amazon.
Како што беше споменато и погоре, Amazon не е единствената компанија која работи на лансирање на сателити во вселената со цел формирање на глобална интернет мрежа. Откако во 2016 година пристапот до интернет беше прогласен за основно човеково право од страна на Обединетите Нации, неколку компании почнаа да работат на слични проекти кои би требало да ја зајакнат интернет мрежата ширум светот.
Во мај оваа година, SpaceX ги лансираше првите 60 сателити од проектот Starlink, чии планови опфаќаат лансирање на вкупно околу 12.000 сателити во Земјината орбита.
Поврзани артикли