Како што најверојатно и сами забележавте, Facebook вчера во текот на попладневните часови имаше проблеми со испраќање на фотографии и видео снимки.
Проблемот во најголема мера ги погоди корисниците ширум Европа и САД. Рано наутро од Facebook, на официјалниот Twitter профил, објавија дека сите проблеми, кои во средата освен Facebook , ги имаа и корисниците на WhatsApp и Instagram, успеале да ги решат.
“Приватните и деловните корисници имале проблем со прикачување или испраќање на фотографии, видео снимки и останати фајлови на нашите апликации и платформи. Проблемот е решен. Би требало да сме 100 отсто во функција за сите корисници. Се извинуваме поради непријатностите”, е наведено во објавата.
Ваквиот проблем бил забележан вчера попладне и истиот траеше неколку часа. Сајтот Downdetector наведува дека проблемите се појавиле околу 15 часот по средноевропско време.
Корисниците во коментари забележиле дека ваквите случаи во последно време, кога се во прашање платформите на Facebook, се сè почести. Исто така, корисниците се жалеле дека директните пораки доцнат или не можат да се испратат.
Извор: B92.net