Министерството за одбрана на РФ ќе договори со компанијата „Сухој“ набавка на 76 повеќенаменски ловци од петтата генерација Су-57, соопшти првиот човек на Министерството за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров на меѓнародниот воено-технички саем на оружје и воена опрема „Армија-2019“.
„Земаме 76 авиони“, ги пренесува неговите зборови рускиот интернет-портал ТАСС.
Исто така, Мантуров го обелодени и бројот на нарачани ударни хеликоптери Ми-28НМ, пренесува интернет-порталот „Взгљад“. Според него, се работи за количина од вкупно 98 хеликоптери од овој тип, без подетални информации поврзани со останатите елементи на договорот.
На 27 јуни се дозна дека на воено-техничкиот саем на оружје и воена опрема „Армија-2019“ руското Министерство за одбрана ќе потпише државен договор за набавка на повеќенаменски ловци од петтата генерација Су-57 и ударни хеликоптери Ми-28НМ.
Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.
Ми-28НМ претставува развоен проект на холдингот „Хеликоптери на Русија“. Борбената машина е способна да изврши широк спектар задачи, како што е борба против непријателска оклопна техника, нисколетечки воздушни цели кои се движат со мала брзина, операции за извидување, како и означување на цели за други хеликоптери, но и за борбени авиони. Она што е посебно интересно е сериозното техничко унапредување на функциите за управување на хеликоптерот. Имено, инженерите конструира систем на двојни команди, што драстично го зголемува степенот на преживување доколку дојде до ранување на еден од членовите на посадата.
Во однос на основната верзија на „Ноќниот ловец“ двојно е зголемена зоната на откривање на цели и подобрени се маневарските способности на леталото, интегриран е посилен мотор и додадено е високопрецизно вооружување со зголемен дострел.
Извор: Russia Beyond