Не може да се каже дека денес сме во состојба да го потврдиме или негираме постоењето на чудовиштето од Лох Нес, но можеби можеме да кажеме дека неговиот изгубен брат близнак е пронајден на сосема друг крај на светот.
На островот Сејмор, на Антарктикот, палеонтолозите откриле фосилни остатоци од огромен морски рептил, од муцката до опaшката, долг 11 метри. Се претпоставува дека бил тежок 15 тони, како и дека живеел пред неколку милиони години.
Станува збор, најверојатно, за елсамосаурус, за кој се знае дека живеел во Северна Америка, пред околу 70 до 93 милиони години.
Научниците истакнуваат дека ова е долго очекуван доказ дека тоа суштество некогаш пливало во океаните.
“Со години тоа беше мистерија. Воопшто не знаевме дали станува збор за елсамосауруси. Тоа беше некој необичен вид на плезиосаурус, за кој никој не знаеше”, рекол Хозе О’Горман од Националниот совет за научни и технички истражувања на Аргентина за National Geographic.
Фосилните остатоци од животното од споменатиот период и претходно биле наоѓани на Антарктикот, но ова е еден од најкомплетните досега. Инаку, огромен фосил за прв пат бил забележан во 1989-та годиа, но тогашната експедиција не располагала со ресурси да го ископа.
Научниците, потоа, уште три пати, во 2005-та, 2012-та и 2017-та години оделе на Антарктикот да вршат ископувања, за да ги извлечат фосилните остатоци тешки вкупно 800 килограми. Собирањето на фосилизирани коски и натаму е во тек.
Извор: B92.net