Истражувачи од институтот MIT развија невронска мрежа наречена PizzaGAN (Generative Adversarial Network) која што има способност да направи пица користејќи фотографии.
Откако вештачката интелигенција била тренирана со илјадници фотографии на синтетички и вистински пици, научила да ги распознава различните намирници што се користат за пицата и како треба да се ставаат врз неа.
Системот потоа само креира чекор-по-чекор упатства за правење на пица, користејќи само една фотографија како почетна точка. Истражувачите велат дека PizzaGAN може правилно да одреди што треба да се стави на пицата со точност од 88% кога работи со два вида на пица-фил.