Grouphug старт-ап со седиште во Бруклин, Њујорк креираше полнач што се мести на прозорец, ја собира сончевата енергија и на тој начин ги полни уредите во домот.
Window Solar Charger е примарно дизајниран за луѓето што живеат во станови и немаат многу можности да ги користат обновливите извори на енергија.
Основачот на компанијата Кристал Персо од лична потреба го креираше производот којшто е изработен од рамка од бамбусово дрво во која што се поставени четири тенки сончеви панели.
Полначот едноставно за закачува за било каков прозорец и ја апсорбира сончевата светлина во батеријата што е вградена во рамката. По 8-10 часа изложеност на сонце таа полни мобилни телефони и останати помали уреди коишто се приклучуваат директно во USB влез.
Производот моментално има и своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstater.