„Сината дупка“ длабока 120 метри, одалечена 8 километри од градот Дахаб во Египет, многумина ја нарекуваат гробница за нуркачи, поради стотината луѓе кои во неа ги оставиле своите животи.
Но и покрај бројот жртви, многубројни нуркачи секоја година повторно го посетуваат ова место, со цел да влезат внатре, иако знаат дека повеќето кои влегле внатре никогаш не излегле. Досега не се ни знае точната бројна на загинати нуркачи во „Сината дупка“.
Нуркачите во Дахаб велат дека има најмалку 200 жртви во последната деценија, а Терек Омар (55) технички нуркач од Дахаб, почнал да ја истражува дупката уште во 1992 година. Вели дека е фасциниран од приказните за нејзиното проклетство.
Омар станал познат во 1997 година, кога од дупката извлекол тела на двајца ирски нуркачи, Конор О’Реган и Мартин Гара. Подоцна извлекол уште 20 нуркачи, па поради тоа го добил надимакот „собирач на костури“.
На 56 метри длабочина, ѕидот од карпи исчезнува. Потоа следи шуплив тунел долг 26 метри над сината дупка, до длабокиот океан.
„Прекрасно е. Личи на подводна катедрала. Проблемот е во тоа што нуркачите влегуваат педесетина пати во неа и мислат дека знаат сè, но реално не се подготвени за таква длабочина и услови“, вели инструкторот по нуркање Алекс Хајес.
Колку нуркачот влегува подлабоко, поголем е притисокот во неговиот организам, а тоа често предизвикува „мартини ефект“.
И покрај предупредувањата и прописите од странските власти, нуркачите повторно влегуваат во „Сината дупка“. Најпознатиот смртен случај настанал во 2000 година, кога исчезнал инструкторот по нуркање Јуриј Липски. Тој самостојно одлучил да влезе, стигнал до дното, но таму останал дезориентиран. Кога сватил дека нема да може да излезе, ја извадил маската со кислород и исчезнал. Подоцна е откриено дека со себе имал и видео камера која била прицврстена за неговата кацига. Несреќниот нуркач си ја снимил сопствената трагедија.
До ден денешен овие мистериозни случаи не се разрешени, па некои се прашуваат дали станува збор за некакви тајни, надчовечки сили кои допираат од длабочините на Земјата.