Пред неколку дена во сообраќај се пуштени првите автономни автобуси на виенското претпријатие за јавен превоз „Wiener Linien“. Во автоматски мод, автобусите може да се движат со брзина од 20 km/h, а неговото максимално време на работа изнесува девет часа.
Новите автономни автобуси на електричен погон с едел од проектот во кој биле вклучени Австриското министерство за сообраќај, Wiener Linien, Австрискиот технолошки институт (AIT), Организацијата за сигурност во сообраќајот (KFV), TÜV Австрија, Siemens AG Österreich, како и францускиот производител на автобуси Navya.
Mit dem autonomen Bus durch die Seestadt
Unsere zwei autonomen E-Busse sind seit heute ganz offiziell in der Seestadt unterwegs und können von euch kostenlos getestet werden! ? ? Schaut werktags in den Vormittagstunden doch einfach mal vorbei! www.wienerlinien.at/auto-bus-seestadt
Posted by Wiener Linien on Четврток, 06 јуни 2019
Целта на проектот била да се воведе автобуска линија со автобуси без возач, во новозиградениот кварт на градот Seestadt Aspern, кој е проектиран и изведен со сите карактеристики на паметен град.