Како на луѓето, и на рибите им е потребен кислород за да преживеат. Но, за да дишат, повеќето ја вовлекуваат водата што содржи кислород во нивните усти и ја исфрлаат низ жабрените комори, додека го одземаат кислородот од неа. Сега, за првпат научниците забележале како риба што “го држи“ тој здив до четири минути.
Ковчезната риба и припаѓа на ретко проучувана група која живее на дното на океанот насекаде низ светот, но овој пат таа беше снимена од страна на далечински управувани возила во експедицијата на американската Национална океанска и атмосферска администрација.
Видеата, снимени на повеќе локации во атлантските и пацифичките води, покажуваат осум риби како држат големи количества вода во нивните комори без никакви знаци на вдишување или издишување. Кога рибата конечно ќе ја ослободи водата, неколку минути подоцна, нивните тела се издишуваат за 20 до 30 проценти.
Причината за ова е големината на коморите кои им овозможуваат на овие риби да задржат толку големи количини на вода неколку минути, велат истражувачите во Journal of Fish Biology.
Истражувачите сугерираат дека задржувањето на здивот може да им помогне на овие риби да ја зачуваат енергијата што инаку би ја користеле за активно пумпање на вода. Зголемувањето на нивното тело исто така може да послужи и како предупредување за потенцијалните предатори.