Сè уште необјавениот Motorola Moto E6 Plus телефон се појави на листата Geekbench, со чипсет Helio P22, 2GB RAM и Android 9 Pie софтвер. Во април, најпрво ги видовме деталните спецификации на Motorola E6, кој имаше чипсет Snapdragon 430.
MediaTek Helio P22, кој е вграден во моделот Moto E6 Plus, користи 2.0GHz Cortex-A53 високо-часовно јадро и е создаден во помал процес на производство (14nm наспроти 28nm). Минатата година Moto E5 Plus имаше верзии со 2GB и 3GB RAM меморија, па така Moto E6 Plus моделот се очекува да ја понуди истата, а можеби дури и 4GB RAM опција.
Моделот E5, E5 Plus и E5 Play, е претставен во април минатата година, па наскоро се очекува и надградената линија на Moto E6.