Астрономите открија екстремно жешка “забранета” егзопланета поголема од Земјата лоцирана во “Нептунската пустина”.
Астрономите ја нарекоа NGTS-4b, “Забранета планета”, како непријателска планета што е помала од Нептун и трипати поголема од големината на нашата планета. Истражувањето објавено од Кралското астрономско друштво вели дека егзопланетата е прва што се открива во т.н. “Нептунската пустина”, област близу до ѕвезди каде што не се забележани планети со големина на Нептун.
NGTS-4b има маса од 20 земјени маси и радиус 20 проценти помал од Нептун. Егзопланетата, која има своја атмосфера, е потопла од Меркур со температура од 1000 Целзиусови степени. Во “Нептунската пустина”, силното зрачење од ѕвездата предизвикува планетите да не ги задржуватн своите гасовити атмосфери, додека испаруваат. Интересно е што NGTS-4b сé уште има гасна атмосфера, што го привлече вниманието и на многу астрономи ширум светот.