Веќе знаеме дека Apple ќе ја одржи својата годишна World Wide Developer Conference (WWDC) на почетокот на јуни, а компанијата сега официјално испрати покани за овој настан. Ова ќе биде и периодот кога Apple прв пат ќе го најави претстојниот iOS 13, ќе ни ги прикаже главните функции и ќе објави бета верзија за тестери.
Финалната верзија на оперативниот систем iOS 13 се очекува наесен, заедно со новите iPhone модели. Се очекува дека iOS 13 ќе имплементира изворен темен режим, кој е една од најпопуларните опции кај бројните креатори на софтвер.
Се очекува дека Apple ќе ги претстави и своите останати оперативни системи: watchOS (со поддршка за watch App Store), tvOS и macOS.
Минатата година, во текот на WWDC немаше хардверски објави, а со оглед на тоа дека компанијата само што ги освежи MacBook Pro лаптопите, истото се очекува и оваа година.
Prošle godine, tokom WWDC-a nije bilo hardverskih objava, a s obzirom na to da je kompanija upravo osvežila MacBook Pro laptopove isto se očekuje i ove godine.