Германската стартап компанија „Лилиум“, со седиште во Минхен, претстави прототип од летачко такси со пет седишта. „Лилиум Џет“, кој претходно овој месец го направи својот прв лет, е дел од летачката такси служба за која компанијата тврди дека ќе биде целосно оперативна во повеќе градови ширум светот до 2025 година.
Летечкиот електричен такси може да премине 300 километри за само 60 минути, со едно полнење на батериите, пишува Си-ен-ен. Корисниците ќе можат да нарачаат превоз преку апликација за паметни телефони, а услугата не би требало да чини многу повеќе отколку возење со конвенционално такси во денешни услови.
„Направивме огромен чекор кон воздушна урбана мобилност“, вели ко-основачот и извршен директор на „Лилиум“, Даниел Виганд. „Нашиот сон е свет во кој секој ќе може да лета каде што ќе посака, кога и да посака“, додаде тој.
Но, за реализацијата на овој сон, германската компанија ќе мора да се натпреварува со многу силни конкуренти, вклучувајќи го и „Убер“. „Убер“ во сорабортка со НАСА, има намера да стартува летачка такси служба до 2023 година.