Кинеската компанија Geely продолжува да изненадува со своите нови автомобилски модели, кои според зборовите на експертите можат успешно да се натпреваруваат со германските, јапонските и корејските автомобили. Новиот хит од Geely е моделот Xing Yue PHEV.
Според производителот, ова е првиот во светот plug-in хибриден кросовер купе. Автомобилот е изграден на CMA платформа која веќе се користи и кај другите Geely модели, вклучувајќи го компактниот Volvo XC40 кросовер и електричниот пикап Polestar 2.
Xing Yue PHEV ќе биде достапен во две верзии. Основна верзија на кросоверот е опремена со батерија од 11,3 kWh, со мешана потрошувачка на гориво од 1,6 литри на 100 километри и брзо време на полнење од 90 минути. Пософистицирана верзија има батерија од 15,2 kWh, која троши 1,2 литри гориво на 100 км во комбиниран циклус и полнење на експресен полнач за 105 минути.
Што се однесува до моторот, тој развива моќност од 190 kW и 415 Nm од максималниот вртежен момент. Автомобилот забрзува до 100 км/ч за 6,8 секунди.