Од Google соопштија дека иако немаат планови за наскоро да претставаат телефон на преклопување со флексибилен екран, сепак го следат пазарот и веќе развиваат таква технологија.
Вакви телефони веќе претставија од Samsung и Huawei, а иако аналитичарите сметаат дека токму флексибилните телефони ќе бидат „следната голема работа“ на пазарот со паметни телефони, сепак треба да се истакне дека за „револуцијата“ ќе треба да почекаме, затоа што Samsung го одложи претставувањето на Galaxy Fold.
Од Google потврдија дека веќе подолго време и тие ја развиваат оваа технологија, но исто така нагласија дека ќе помине подолго време пред да го претстават флексибилниот Pixel.Квеироз смета дека таквите телефони треба да бидат поиновативни во однос на досега претставените модели и освен тоа што луѓето сакаат поголеми екрани, засега и немаат некоја друга потреба од таквите телефони.
Ситуацијата ќе се промени кога корисниците ќе започнат се повеќе да купуваат такви телефони затоа што имаат потреба, а не само колку за да го имаат телефонот.
Од Google открија дека освен на флексибилните телефони, работат и на прототипови на други хардверски технологии, иако моментално немаат планови да претстават нови уреди кои ќе ги користат тие технологии.
Со текот на времето можеме да очекуваме да порасне интересот за флексибилните телефони и нивната цена која е прилично висока, да опадне. Во меѓувреме, екипата од Google ќе продолжи со развојот на технологијата и ќе го чека моментот кога „ќе го нападне“ пазарот.
Поврзани артикли