Македонски Телеком оствари позитивни трендови во работењето во првите три месеци од 2019 година, зголемена е профитабилноста, а компанијата континуирано има пораст на бројот на корисници на широкопојасен интернет, во IPTV сегментот и мобилните услуги.
Приходите од продажба се зголемени за 0,7отсто и изнесуваат 2.519 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на крајот од првите три месеци од 2019 година е благо намалена за 0,8 отсто во споредба со претходната година, додека нето добивката за првите три месеци од 2019 година бележи раст од 5,1 отсто.
Компанијата има позитивен тренд на движење и пораст на приходите од малопродажен интернет и од дигиталната телевизија. Приходите од малопродажен интернет се зголемени за 2,8 отсто. На крајот од првите три месециод 2019 година има пораст на корисниците на широкопојасен интернет за 5,2 отсто, а вкупниот број изнесува 197,5 илјади корисници. Приходите од дигиталната телевизија пак, се зголемени за 14,4 отсто. Истовремено, продолжи трендот на пораст на IPTV корисници (вклучувајќи Magenta 1, Интернет&ТВ и други ТВ услуги) за 9,4 отсто, што на крајот од првите три месеци од 2019 година резултира со база од 130,3 илјади корисници. Македонски Телеком континуирано инвестира во оптичката мрежа, а како резултат на посветеноста за ширење на најнапредната технологија којашто овозможува супер брз интернет, компанијата бележи пораст од 8,3 отсто на семејствата покриени со оптика спредено со истиот период изминатата година. Инвестициите во инфраструктурата, на крајот од првите три месеци од 2019 година придонесоа дури 31,6 отсто од домаќинствата во Македонија да имаат пристап до оптиката на Македонски Телеком.
Зголемен уделот и на претплатници во мобилната мрежа, пораст на приходите од неговорни услуги
Македонски Телеком во првите три месеци од 2019 година, го зголеми и уделот на претплатници на мобилна телефонијаза 1,2 отсто. Компанијата има 1.188 илјади претплатници и удел од 49,6 отсто на пазарот на мобилната телефонија, според интерна проценка. Приходите од мобилни неговорни услуги на крајот од првите три месеци од 2019 година се зголемени за 10,8 отсто во споредба со претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем GPRS сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели.
„Со континуирана посветеност да обезбедиме квалитетна и сигурна инфраструктура и комуникациски услуги успеавме даоствариме уште подобри резултати во првиот квартал од 2019 во однос на истиот период минатата година. Позитивен тренд е присутен во повеќе сегменти од нашето работење. Имаме зголемување на бројот на претплатници на широкопојасен интернет, на IPTV корисниците, континиурано ја шириме и оптичката мрежа со што обезбедуваме пристап до врвна технологија и супер брз интернет. Во таа насока, следејќи го интересот на корисниците во наредниот период ќе се фокусираме на конвергентните услуги и ќе настојуваме оптичката мрежа да стане достапна за поголем број на граѓани на државата. Остануваме посветени на подобрување на инфраструктурата како основа за развој на новите технологии и услуги“, изјави главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев.