Технолошкиот гигант Google внесува сериозни промени во насоките за користење на бесплатните Gmail сметки, најави Дијана Грин, виша потпретседателка на Google Cloud. Иако звучи неверојатно, постои шанса отсега никој повеќе да ја чита вашата приватна кореспонденција…

Бизнис политиката на Google неодамна тргна во неочекувана насока. Минатиот месец компанијата доби идеја да ги блокира рекламите во Chrome, а потоа минатата недела одлучија дека повеќе нема да ја надгледуваат содржината на бесплатните Gmail сметки. Со други зборови, Google ветува дека нема повеќе да создава реклами врз основа на содржината на приватните електронски пораки.

Сепак, овие вести се малку посложени отколку што најпрвин се чини. Google одеднаш не стана воздржана компанија која се противи на надзирањето, па немојте да очекувате дека од Gmail ќе ги отстранат сите алгоритми за прегледување. Всушност, само ќе додадат уште една „услуга” на бесплатните кориснички сметки, која досега беше резервирана само за биснис корисниците на G Suit.

Gmail моментно има 1,2 милијарди корисници, но уште поважно е дека околу три милиони компании се претплатени на услугата G Suite, која значајно ги зголеми приходите на компанијата од мејл сметките. Немаме точни податоци од Google, но знаеме дека во првиот квартал од оваа година овој технолошлки гигант имаше заработка од  3,09  милијради долари во категоријата „останати приходи”, што означува раст од 49% во однос на истиот период минатата година.

Токму затоа Google им посветува уште повеќе внимание на бизнис корисниците, и очигледно сака да поттикне раст на бројот на корисници кои се претплатуваат на дополнителните услуги и не ги користат само бесплатните производи на компанијата. Поради тоа, одлуката Google повеќе да не ја прегледува нашата електронска пошта за потребите на рекламирањето би требало да им докаже на бизнис корисниците дека Google сега е многу подоверлива компанија.

Секако, и натаму ќе постојат одредени роботи за прегледување кои ќе можат да ја читаат нашата пошта, бидејќи Google има неколку функции за кои не знаат корисниците. На Google не му се важни нашите пораки само за подоцна да можат стратешки да ги распоредат рекламите – потребни им се тие податоци за да можат да го персонализираат и однесувањето на другите услуги.