Според претходните извештаи, се очекува дека Android Q конечно ќе имплементира системски темен режим. Сега, базирано на извештајот на сајтот Android Police, изгледа дека во Android Q beta е активирана функцијата која на корисниците им овозможува да планираат кога темниот режим ќе се вклучува и гаси.
Ова значи дека доколку корисникот преферира Android да го управува со опција кога dark mode ќе се пали и гаси, може да се подеси оваа опција според своите потреби.
Според она што се сугерира, не е можно да се подеси конкретното време кога Dark mode се вклучува и гасне, туку наместо тоа е заснован на излегувањето и заоѓањето на сонцето. Функцијата претходно веќе е откриена во рамките на Android Q, но не била активирана се досега.
Исто така, изгледа дека темниот режим е можно да се покрене порано отколку што е подесено, доколку детектира дека нивото на батеријата е ниско. Google претходно истакна дека Dark mode помага при зголемувањето на траењето на батеријата, така што на корисниците ќе им значи имплементацијата на оваа функција во следната верзија на Android.