Припадници на индиските воени сили, познати по своите планинарски вештини во Хималаите , фотографирале мистериозни траги во снегот. Војската верува дека станува збор за траги од Јети, суштество за кое се верува дека живее во овој дел од светот.
Трагите се големи, долги повеќе од 80 сантиметри и широки 40 сантиметри. Тие беа откриени на 9 април 2019 година во националниот парк Макалу-Барун во близина на базниот камп Макалу, каде што, според војската, Јети некогаш дури и е виден од некои војници.
Судејќи според трагите, станува збор за огромно суштество големо околу 4 метри. Експертите (нормално) изразија сомнеж, истакнувајќи дека војската има грешки во мерењата. Националниот парк Макалу-Барун во Непалските Хималаи е основан во 1992 година. Се протега од паркот Сагармата и опфаќа површина од 1500 квадратни километри.
For the first time, an #IndianArmy Moutaineering Expedition Team has sited Mysterious Footprints of mythical beast 'Yeti' measuring 32×15 inches close to Makalu Base Camp on 09 April 2019. This elusive snowman has only been sighted at Makalu-Barun National Park in the past. pic.twitter.com/AMD4MYIgV7
— ADG PI – INDIAN ARMY (@adgpi) April 29, 2019