Компанијата JAC најави лансирање на нов електричен кросовер, кој ќе се произведува во Кина заедно со германскиот концерн Volkswagen. Под одредени услови, батериите на електричниот автомобил ќе се полнат еднаш неделно.
Кросоверот се нарекува JAC iEVS4, а под хаубата има моќен агрегат од трета генерација, развиен од специјалниот оддел на кинескиот JAC. Од компанијата не ги открива техничките карактеристики на моделот, но сепак соопштуваат дека автономијата изнесува 470 km. Според инженерите на JAC, ако автомобилот се користи само во урбани услови, батериите на истиот ќе може да се полнат само еднаш на секои 7 дена.
Литиум-јонските батерии имаат капацитет од 66 kW/h и се опремени со единица за течно ладење, благодарение на која работната температура се движи од 10 до 35 степени. Полнењето на батеријата од 30 до 80% трае 30 минути, а за автономија од 80 km потребни се само 10 минути полнење. Официјалниот животен век на батерискиот систем е 1.000.000 km.
На локалниот пазар, JAC iEVS4 доаѓа во 4 нивоа на опрема, а топ верзиите доаѓаат сите познати електронски асистенти. Покрај тоа, кросоверот ќе биде опремен со мултимедијален пакет со оперативен систем од новата генерација, кој овозможува со гласовни команди да се контролираат не само звукот и навигацијата, туку и клима уредот.
Според стратегискиот план на JAC Motors, во 2025 година, околу 30% од моделите што ќе се продаваат на пазарот во Кина треба да бидат електрични.
Извор: Додај Гас