Владата на Шри Ланка ја укина забраната на социјалните мрежи, која беше формирана со цел да се спречи ширењето лажни вести по терористичките напади на католичкиот Велигден.
Платформите како што се Фејсбук, Вацап и Вajбер сега повторно работат во Шри Ланка, според „Ројтерс“.
Во нападите на црквите и хотелите на 21 април, за кои одговорноста ја презеде терористичка група Исламска држава, беа убиени повеќе од 300 луѓе .