Претседателот на корпорацијата „Чајна Уником“ соопшти дека компанијата во седум градови во Кина во употреба пушта експериментална 5G мрежа.
На Конференцијата за развој на 5G иновации во Шангај, тој информираше дека проектот ќе ги опфати градските средини на Шангај, Гуангжоу, Шенжен, Нанкин, Хангжоу, Пекинг и новата економска зона близу главниот град.
Кинеското Министерство за информации и индустрија во декември минатата година ум издаде лиценци на три подружници на „Чајна Уником“, меѓу кои и „Чајна Телеком“, за тестирање на 5G технологија.
Новото вмрежување ќе овозможи размена на податоци во реално време со брзина над 10 гигабајти во секунда, што е 30 пати побрзо од она кај 4G технологијата, и ќе овозможи значително поголем капацитет на мрежата.
Меѓународниот телекомуникациски сојуз има намера 5G технологијата да ја воведе како стандардна до 2020 година.