Втора национална конференција за проектен и IT менаџмент во Скопје

Kонференцијата која минатата година беше распродадена за рекордно брзо времени доаѓа повторно оваа година во унапредена форма. Засега, темите откриваат уште еден возбудлив собир на најголемите експерти и професионалци од оваа индустрија.

На 24 април во City Hall ќе се дискутира за идни трендови, наактуелни теми, ќе се водат интересни панел дискусии, ќе слушнеме корисни презентации на eкперти од регионот и ќе имамеможност да бидеме на исто место со највлијателните PMP & IT менаџери во регионот.

„Целта на овогодишната конференција е да ги прикаже бенефитите од најновите технологии и трендови во проектниот и IT менаџментот, како и да понуди решенија што ќе овозможат да останете „апдејтувани“ преку осознавање на најновите, најдобрите и докажани практики во работењето“ – изјавија организаторите Clear ViewBTC, Certidaria и Семос Едукација.

Дел од темите на конференцијата се:

  • Трендовивопроектен менаџмент за 2019
  • Која е иднината на Blockchain технологијата?
  • Digital Transformation through Data Science

Повеќеинформации за темите, говорниците и детали врзани за конференцијата прочитајте на официјалната веб-страна http://clearview.conference.com.mk/pm-it/

Дополнително, присутните ќе имаат можност да се стекнат со 7 PDUs (Professional Development Units), валидни за сите носители на PMI сертификација.

Рекорден интерес законференцијата PM & IT 2019, побрзо од било кога се пополнуваат местата.

За најдобрата комбинација на работа и дружење, резервирајте место на PM & IT 2019