Шведската железница SJ на своите патници им нуди користење на биометриски чип вграден во раката, наместо класични билети и со тоа станува прва транспортна компанија која ја воведува овој инвентивен метод.
Малиот чип функционира на ист начин како бесконтактните банкарски картички и на кондуктерите им овозможи скенирање на раката.
Меѓутоа, проектот се применува само на оние кои веќе имаат биометриски имплант, бидејќи SJ не нуди чипување на луѓето. Околу 2.000 Швеѓани моментно имаат имплант, а многумина од нив работат во технолошката индустрија.
SJ објави дека очекува околу 200 луѓе да вградат микрочип, но сите тие мора да бидат регистрирани како членови на програмата на верност.
Патниците купуваат билети на вообичаен начин со пријава на веб страницата или преку мобилни апликации, а нивниот членски број е поврзан со нивниот чип.
Компанијата оценува дека е само прашање на време кога сите ќе користат чипови место билети.
– Секако, постојат разни реакции. Некои луѓе се плашат поради приватноста и тоа е нешто што сериозно го сфаќаме. Луѓето се збунети и мислат дека можат да бидат следени преку микрочиповите, а наместо тоа треба да бидат загрижени поради мобилните телефони и користењето на кредитните картички. Следењето е можно на разни начини освен преку микрочиповите, рече портпаролот на компанијата.
Тие тврдат дека проектот го покренале на барање на корисниците затоа што микрочиповите побрзо се скенираат од картите, а вработените се штедат. Сепак, главна причина за овој деловен потег е поставувањето на компанијата во средиштето на дигиталната револуција.