Медиумскиот гигант Disney ја претстави својата нова стриминг услуга Disney+ со пониска цена од очекуваното, 6,99 долари месечна претплата, пониска од таа на својот најголем конкурент Netflix, пишува Adweek.
Услугата официјално ќе стартува на 12-ти ноември во САД, ќе работи на принцип со претплата и нема да има реклами. Се очекува да биде со намалена цена во комплет со останатите стриминг услуги на компанијата ESPN+ и Hulu, во коишто Disney има контролен удел.
Платформата ќе ги вклучува познатите класици како Снежана и Бамби, но и нови долгометражни цртани филмови, целата филмска “библиотека“ на Pixar и преку 100 оригинални филмови од Disney Channel.
Покрај тоа, услугата ќе понуди и фамилијарни филмови “наследени“ од 20th Century Fox