На Instagram можат да се најдат милиони фотографии на голи и разголени модели, како и насилна содржина која сега ќе добива далеку помала посетеност на оваа социјална мрежа.

Популарната социјална мрежа започна да го ограничува ширењето на објави кои што се сметаат за недолични, а кои не се целосно спротивни со правилата на Instagram.

Така на удар би се нашле сексуално сугестивните објави кои што прикажуваат сексуален чин или голотија. Исто така помала посетеност ќе имаат и насилните објави, говорот на омраза или злоставувањето.

На таквите содржини ќе им биде блокиран пристапот до широката заедница во категоријата Explore и страниците со хаштагови, што значи дека значајно ќе биде намален бројот на нивни прегледи и привлекувањето на нови следбеници.

Новите правила се дел од настојувањата на Facebook, во чија што сопственост е Instagram, своите апликации да ги направи побезбедни и попријатни за користење. Ваквата содржина ќе биде прегледувана од модератори на содржини кои ќе користат алгоритми и машинско учење.

„Проблематичните“ содржини нема да бидат отстранети од News Feed и Stories, но ќе бидат прикажани „пониско“ од вообичаено.

Креаторите на содржини засега немаат јасни насоки каква точно содржина би можела да се најде на мета на модераторите затоа што правилата и условите на користење на Инстаграм исто така не наведуваат. Само е објаснето дека на удар ќе се најде насилната, шокантна, сексуалната и дезинформативната содржина.

Извор: Tportal.hr