Дизајниран за сите оние кои се дел од “дигиталната ера“ и кои сакаат да се поврзуваат, да играат и да го споделуваат секој миг
Компанијата Samsung го претстави новиот Галакси А80 (Galaxy A80)– смартфон креиран според начинот на кој луѓето се поврзуваат во дигиталната ерата. Луѓето сè повеќе ги користат своите паметни телефони за споделување на интеракции во секој миг – фотографирајќи спонтани фотографии, емитувајќи видео стриминг и искусувајќи што се случува наоколу токму сега. Преминуваме од “ерата на ’селфи’ фотографиите” кон “ерата на дигиталното живеење“, во која луѓето сè повеќе негуваат вистински и значајни врски. Создаден за да ја движи оваа еволуција, Галакси А80 пристигнува со огромни иновации: неверојатен “full-screen“ екран, прва револуционерна Самсунг ротирачка камера и интелигентна батерија.
“Потрошувачите се во центарот на сè што ние како компанија правиме, а нивна потреба се уреди персонализирани на нивниот специфичен стил на живот. Благодарение на нашата експертиза, глобални способности и богати сознанија за преференците на потрошувачите, компанијата Самсунг е уникатно позиционирана да обезбедува иновации за секого. Галакси А серијата нуди разновидни модели, а секој може да одбере уред кој одговара на неговите уникатни потреби овозможувајќи му да ги оствари своите цели. Новиот Галакси А80 пристигнува со премиум функции за сите оние кои се дел од “дигиталната ера“ и кои сакаат целосно да бидат вклучени во неа.” – изјави ДЈ Кох (DJ Koh),Претседател и Извршен Директор на Секторот за ИТ и мобилни комуникации во Самсунг Електроникс.
Доловете го светот онака како што го гледате
Креиран со првата ротирачка камера, Галакси А80 им овозможува на луѓето беспрекорно да го доловуваат светот околу нив. Кога корисниците ќе го одберат режимот “селфи“ во апликацијата за камерата, трите камери автоматски се појавуваат од задната страна на телефонот и ротираат. Иновативниот механизам на камерата создава извонредно искуство преку користење на истата тројна камера со предни и задни леќи со висока резолуција. На овој начин корисниците секогаш ќе имаат фотографии со висок квалитет.
Со главната камера од 48 мегапиксели, корисниците ќе можат деноноќно да креираат живописни фотографии. “3D“ камерата за длабочина на Самсунг нуди можност за фокусирање во живо (Live Focus) преку скенирање на димензиите и длабочината на објектите. Камерата е создадена со ултра – широка леќа со агол на гледање како човековото око, овозможувајќи им на корисниците имаат можност да ги споделуваат нивните омилени сцени без да се поместуваат за да ги “доловат“ саканите моменти од секој агол.
Режимот за стабилизирано снимање на видео “Super Steady“ им помага на корисниците лесно и едноставно да снимаат, намалувајќи ги пречките и создавајќи видеа кои се речиси на професионално ниво. Заедно со останатите интелигентни функции на камерата како оптимизација на сцени, која може да препознае и подобри до 30 сцени и функцијата за откривање на недостатоци која автоматски ги идентификува пречките, корисниците никогаш нема да ги пропуштат совршените кадри.
Уживајте во извонредни мултимедијални искуства
Благодарение на ротирачката камера, корисниците добиваат непречен поглед со првиот нов “New Infinity“ екран. Одликувајќи се со 6,7-инчен “FHD+ Super AMOLED“ екран, Галакси А80 нуди содржини со живописни детали, овозможувајќи им на корисниците да бидат целосно препуштени во секоја игра, видео, слика и приказна.
Со функцијата Долби Атмос (Dolby Atmos) на новиот Галакси А80, корисниците може потполно да се препуштат на неверојатниот звук од 360 степени кој се емитува кога се носат слушалки или кога се користат Блутут звучници.
Останете поврзани подолго време
Батеријата на Галакси А80 од 3,700 mAh и опцијата за Супер-Брзо полнење од 25W овозможуваат корисниците да останат поврзани подолго време, давајќи им поголема слобода преку можноста да го полнат мобилниот уред брзо, притоа не пропуштајќи ниту еден миг.
Галакси А80, исто така, има интелигентна батерија која ги “учи“ секојдневни рутини и начини на користење на апликациите од страна на корисниците сè со цел оптимизирање на потрошувачката на енергија на телефон. Со помош на прилагодливиот режим за заштеда на енергија, паметната батерија на овој уред работи најефикасно согласно потребите на корисниците.
Брз и едноставен пристап до сè што е потребно во секое време на безбеден и сигурен начин
Интелигентниот софтвер за подобрување на перформансите на Галакси А80 обезбедува оптимизирање на ефикасноста со помош на вештачка интелигенција. Овој софтвер ги прилагодува батеријата, процесорот и РАМ меморијата на уредот според уникатната употреба од страна на корисникот, помагајќи му на телефонот да работи поефективно и побрзо да ги стартува апликациите кога е тоа потребно.
Со функцијата “Бигзби Рутини“ (Bixby Routines)се олеснува користењето на телефонот бидејќи Бигзби ги “учи“ начините на кои корисниците управуваат со апликациите и ги анализира нивните навиките и препознава кои перформанси и во кое време се потребни. Оваа функција ги автоматизира секојдневните задачи и апликации врз основа на корисничките навики, како на пример при возење или во работна средина.
Галакси А80 е заштитен од Самсунг Нокс (Samsung Knox) – одбранбената платформа за безбедност на Самсунг, дизајнирана да го заштити уредот во целост – од чипсет до софтвер. Корисниците можат слободно да уживаат во безбедноста при поврзување на интернет со овој уред и воедно да користат Самсунг Пристапница (Samsung Pass) за пристап до апликации и веб-страници со помош на биометриска автентикација. За уште полесен начин на користење, во екранот на Галакси А80 е вграден скенер за отпечатоци кој овозможува интуитивно вклучување на телефонот од страна на корисниците.
Како дополнување на активниот животен стил на луѓето, Галакси А80 пристигнува со опција за активирање на Бигзби со помош на копче или “hands-free“ Бигзби. На овој начин корисниците може да ги да ги добијат потребните информации на поедноставен начин. Исто така, пристапот до другите функции, како “Bixby Vision“, “Bixby Home“ и “Reminder“, е полесен дури и кога корисникот е во движење. Воедно, Галакси А80 пристигнува со водечките карактеристики на Галакси серијата на Самсунг како “Самсунг Здравје“ (Samsung Health), Самсунг Плаќањe (Samsung Pay*) и многу повеќе.
Изразете го стилот со елегантен дизајн
Галакси А80 е достапен во три бои: “Angel Gold“, “Ghost White“ и “Phantom Black“. Моделот со “Angel Gold“ нијанса содржи елементи од розова, додека “Ghost White“ моделот е во комбинација со сина боја, токму затоа изгледот и нијансите на моделите се различни, во зависност од насоката и рефлексијата на светлината.
Елегантниот дизајн на Галакси А80 и удобниот, ергономски облик се гаранција за уредно вклопување на уредот во раката на корисникот – овозможувајќи лесно користење при движење.
За повеќе информации за Галакси А серијата на уреди, посетете ги следните страни: www.samsungmobilepress.com, www.news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy.