Иако сѐ уште се нема појавено на пазарот, на YouTube се појави видео од внатрешноста на новиот Samsung Galaxy S10 5G.
Во видеото може да се види како современиот уред изгледа однатре, заедно со сите делови кои се наоѓаат под капакот на задниот дел.
Уште на прв поглед се забележува комплицираната градба на телефонот, од кој е потребно да се извадат сите поединечни делови пред да може да се пристапи до дисплејот, што укажува на тоа дека ќе биде потребна напорна работа во случај да се оштети екранот.
Во телефонот се наоѓа и мистериозен неискористен конектор на матичната плоча, кој остава впечаток дека Samsung има повеќе различни верзии на овој модел, специфични за одредени провајдери и типови на хардвер.
Извор: B92.net