Франција е одлучна да воведе данок за интернет-гигантите како „Гугл“ и „Фејсбук“. Ова го изјавил во Букурешт францускиот министер за финансии, Бруно ле Мер, и покрај повиците од САД да се откаже од ваквата мерка.
„Одлучивме да воведеме данок на големите дигитални претприемачи, за поефикасен даночен систем на светско ниво“, изјавил Ле Мер, реагирајќи на изјавата на шефот на американскта дипломатија, Мајк Помпео, кој го повикал францускиот колега Жан Ива Ле Дриан да се откаже од ваквата идеја.
Ле Мер се наоѓа во Букурешт каде што деновиве ќе биде одржан состанок на министрите на финансии на Европската Унија. Ле Дриан ќе биде домаќин на состаноците на шефовите на дипломатија и членките на Групата седум индустриски најразвиени земји на Г7 во градот Динар, во западна Франција.
На овој собир, на кој нема да учествува Помпео, туку неговиот помошник Џон Саливан, меѓу останато ќе стане говор и за данокот кој треба да го плаќаат гигантите како „Гугл“ и „Фејсбук“.
Поврзани артикли