За еден месец по почетокот на продажбата, испораките на Xiaomi Mi 9 веќе надминаа 1 милион уреди низ целиот свет. Тоа го дознаваме од порака на „Твитер“ од Донован Сунг, кој е глобален портпарол на компанијата.
Ако се додадат испораките на Mi 9 SE, кој се уште не се продава надвор од Кина (веројатно и верзијата Explorer), вкупниот број надминува повеќе од 1,5 милиони уреди.
За споредба, целата серија Mi 8 имаше продажба од 1 милион единици за три недели, а во рок од четири месеци испораките достигнаа 6 милиони единици.
Меѓу актуелните модели, Redmi Note 7 неодамна достигна продажба од 1 милион единици месечно.
За неколку дена, Xiaomi ќе ја прослави својата 9-годишнина откако компанијата постои, а по поводот ќе има промоции во Индија и Кина, што дополнително може да ги подобри резултатите.