На 4 и 5 април 2019 во Белград се одржува вториот Дигитален Самит на земјите од Западен Балкан (Western Balkans Digital Summit 2019) под покровителство на Европската Унија. На настанот учествуваат високи владини преставници, членови на бизнис заедницата и реномирани експерти од областа на дигиталната агенда од регионот и од Европската Унија.
Компанијата Nextsense (Некстсенс), како лидер во областа на дигиталната трансформација втора година по ред е главен партнер и спонзор на овој престижен регионален настан. Специјализирана е во водење на комплетни процеси за дигитална трансформација и имплементација на ИТ решенија со цел унапредување на перформансите на широк спектар на институции и реномирани компании од телекомуникацискиот, финансискиот и владиниот сектор во Европа и пошироко.
Како водечка компанија со повеќе од 15 годишно искуство во развој и имплементација на иновативни решенија за дигитална трансформација и експертиза во областа на услугите од доверба, на Самитот учествува во креирањето на дигиталната агенда на Западен Балкан преку презентации на своите решенија и споделување на искуствата во дигитализација на организациите од приватниот и јавниот сектор.
Производите и решенија на Nextsense за безбедно дигитално потпишување и работа со е-документи ја позиционираат компанијата како водечка во регионот во оваа област. Производите на Некстсенс се дизајнирани и развиени со цел да им помогнат на организациите да имплементираат иновативни решенија кои ќе овозможат автоматизација на нивните интерни процеси, како и на процесите на соработка и обезбедување услуги за нивните клиенти.
„Nextsense е речиси две децении целосно посветена кон поддршка на компаниите и институциите низ процесот на дигитална трансформација, при што им помагаме да го променат начинот на нивното работење преку замена на хартиените документи и процеси со целосно дигитални услуги. Партнерскиот статус и учеството на Некстсенс на Дигиталниот самит е резултат на нашето долгогодишно работење во развој на решенија кои претставуваат клучни елементи за дигитална трансформација, а кои се вградени во дигиталната агенда на земјите од Западен Балкан и Еропската Унија. Горди сме како компанија – лидер во овој процес и со задоволство ги споделуваме нашите искуства во оваа област.“ – Васко Кроневски, Главен извршен директор.
На самитот Nextsense учествува како модератор на панелот „Доверба и безбедност“ заедно со истакнати експери од оваа област од Еввропската Унија и од регионот. Компанијата е застапена со две презентации.
„Платформата за испорака на јавни услуги – водење на дигиталната трансформација на организациите во испораката на јавни услуги“ на самитот ја престави Главниот Извршен директор на Nextsense, Васко Кроневски. Платформата на Некстсенс воведува иновативен пристап во дизајнирање, создавање и испорака на административни е-услуги на граѓаните и бизнисите, со кој се насочува административната испорака на услуги по дигитален пат и се подобрува севкупната ефикасност на јавните институции во поглед на нивниот капацитет и подготвеност за градење и испорачување дигитални услуги за своите корисници. Со Платформата се опфатени процесите на подготовка на електронски услуги, испорака на услугите до корисниците преку онлајн портал, генерирање документи и нивно процесирање, дигитално потпишување и верификација, нивно чување и складирање, како и размена на документи и податоци меѓу институциите.
Презентацијата на тема „Nextsense Signing Suite – решенија за безбедно дигитално потпишување“ од страна на Даниел Даниловски, Извршен технички директор на Nextsense беше фокусирана на иновативните решенија на Nextsense за дигитално потпишување и работа со е-документи со кои Нектсенс веќе има изградено препознатливост во регионот како водечка компанија во областа на услугите од доверба. Решенијата на Nextsense за дигитално потпишување се вградени во повеќе од 70 различни апликативни системи на реномирани компании и институции.
Компонентите и продуктите на Nextsense се клучни елементи во процесот на дигитална трансформација кои овозможуваат безбедно дигитално потпишување, ставање временски и организациски печат, потврда на веродостојноста на електронските документи, како и нивна целосна прекугранична верификација – сето ова засновано на највисоките европски стандарди и регулативи.
“Nextsense Signing Suite претставува сет на компоненти и продукти кои обезбедуваат иновативна технологија, врвна безбедност и комплетно корисничко искуство базирано на потребите на клиентите. Овозможуваат безбедно електронско потпишување од дома, од работа, преку сервер или преку интернет пребарувач, во движење преку мобилни уреди, со двојна автентикација како гаранција на идентитетот на потписникот” – Даниел Даниловски, Извршен технички директор.
Решенијата на Nextsense се веќе вградени во системите на бројни реномирани организации во телекомуникациите, банкарскиот сектор и државните и јавните институции и обезбедуваат врвна услуга без никакви проблеми, што е потврда за нивната вредност и уникатност.