Компанијата Apple призна дека одреден број на купувачи на MacBook и понатаму имаат проблеми со сигурноста на тастатурата чии копчиња заглавуваат.
Сигурноста на редизајнирата тастатура на Apple се најде во фокус во 2017 година кога корисниците се пожалиja на контроверзниот butterfly-switch дизајн кон кој Apple се пренасочи во 2015 година со воведувањето на 12-инчниот MacBook во својата понуда.
Apple тивко одговори на критиките со додавање на гумената мембрана која требала да ја заштити тастатурата од прашина и други честитки кои ги правеле копчињата неупотребливи на претходните модели. Компанијата никогаш официјално не ја призна целта на промената, но тоа е потврдено со документ кој протекол во јавноста. Apple потоа покрена програма за поправка на сите butterfly-switch тастатури.
Решението на Apple донесе и подобрување, но тоа не било совршено, бидејќи честичките како песок сепак можеле да се заглават во механизмот. Клучните проблеми продолжиле и во третата генерација на тастатури.
Извор: Klix.ba