Компанијата Samsung се уште е прилично затворена кога станува збор за флексибилниот смартфон и никому не му допушта да го испроба, но тоа не вреди за роботите.
Компанијата сега објави видео од тестирањето на Galaxy Fold, кое го врши со помош на специјални машини за тестирање. Во тестот се нагласуваат можностите за отворање и затворање на смартфонот во совршена синхронизација.
Според тоа што може да се види од видеото, екраните многу брзо се активираат по отворањето на смартфонот, а тестот е досега најдобар увид во тоа како Galaxy Fold изгледа кога се затвора. Тоа изгледа прилично елегантно и се чини дека нема проблеми со набори, како и дека нема големо растојание кога уредот ќе се затвори.
Од Samsung ветија дека Fold ќе издржи најмалку 200.000 отворања и затворања, што е еднакво на петгодишна употреба со стотина отворања дневно.
Продажбата на флексибилниот смартфон почнува на 26 април, по цена од 1.980 долари, а во Европа ќе почне да се продава од 3. мај,
Извор: Klix.ba