Snap на сите начини пробува да ги врати избеганите корисници на својата платформа Snapchat со воведување на различни нови можности.
Според пишувањето на порталот Cheddar, една од нив ќе биде и целосно новата платформа наменета за гејмерите. Платформата засега само се крие зад кодното име Project Cognac, а би вклучувала низа игри од надворешни програмери специјално дизајнирани за да се изведуваат во рамките на апликацијата Snapchat.
Треба да се придодаде и информацијата за неодамнешната аквизиција на PlayCanvas и Prettygreat, две компании кои се специјализирале за развој на игри.
Новата платформа би требало официјално да биде претставена на првата конференција за Snapchat содржини и програмери, која ќе се одржи на 4. април во Лос Анџелес, а официјалниот слоган под кој се рекламира конференцијата гласи „Less talk. More Play”.