Кинескиот технолошки гигант Huawei отвори центар за сајбер-безбедност и транспарентност во белгискиот главен град Брисел во обид да ги убеди Европејците дека нивните производи не претставуваат ризик за безбедноста и покрај таквите тврдења од САД.
Извршните директори на кинеската компанија го отворија Центарот за европска сајбер-безбедноста на Huawei, кој ќе им овозможи на европските корисници на Huawei да го прегледаат изворниот код што се користи во производите на фирмата.
Овој потег доаѓа во време кога компанијата се обидува да ги освои Европејците, кои сега се соочуваат со интензивен притисок од САД бидејќи ги поттикнуваат да го спречат кинескиот технолошки гигант да ги развива нивните национални телекомуникациски мрежи.
„И довербата и недовербата треба да се базираат на факти, а не на чувства, шпекулации или на неосновани гласишта”, изјави Кен Ху, заменик-претседател на Huawei.