Подбрендот на Xiaomi, Redmi веќе доби два телефони кои се прилично популарни на пазарот, а сега се подготвува објава на третиот модел – Redmi 7 ќе биде официјално претставен следната недела. Во објава на Weibo мрежата, генералниот менаџер на компанијата, Лу Веибинг најави дека Redmi 7 и Note 7 ќе бидат официјализирани на медиумски настан на 18. март.
Фотографиите на уредот се исто така прикажани во рамки на промо постерот, а ги потврдуваат претходно протечените информации. Од предната страна се наоѓа 6.26-инчен LCD екран со HD+ резолуција и 8MP селфи камера, сместена во notch. Осмојадрениот Snapdragon 632 пристигнува во тандем со 2GB/16GB, 3GB/32GB и 4GB/64GB конфигурации за RAM и простор за складирање.
Поврзани артикли