Одамна е познато дека Xiaomi го подготвува гејмерскиот телефон од втората генерација.
Легендарниот Black Shark го освои вниманието на публиката, но откако Razer веќе го пуштија својот борец во оваа дисциплина, време е за втората генерација.
Потврда доаѓа од компанија која пушти малку информации во Weibo – кинескиот Twitter. Се
потврдува дека втората генерација ќе излезе на пазарот најверојатно на 18 март оваа година.
Избраниот процесор е Qualcomm Snapdragon 855 и нуди 8 GB RAM меморија, како и 128 GB простор за апликации.
Се очекува и опција со 12 GB RAM и двојно повеќе место, како што се случи со Black Shark Helo – малку помоќен од стандардниот апарат.
Во оваа класа телефони, прегревањето одамна е на дневен ред и бројни производители почнаа да
се обложуваат во водно ладење.
Капацитетот на батеријата нема да биде помал од 4000 mAh. Првично, кинескиот пазар ќе биде фаворизиран и дури потоа ќе можеме да го видиме во Европа. Се разбира, нетрпеливите ќе можат да го нарачаат од Aliexpress.