Покрај фабриката Mini во Оксфорд, BMW поседува уште еден погон во кој ги произведува своите мотори. И таа фабрика е под знак прашање, а високорангираниот менаџер на баварскиот бренд, Питер Шварценбауер, за Reuters вели дека сé е подготвено за запирање на работата во оваа фабрика доколку британските власти не се договорат со ЕУ.
BMW веќе објави дека ќе го затвори погонот во Оксфорд на еден месец, а датум за прекин е 1 април. Ова кореспондира со чинот на напуштање на Европската унија, па очигледно е дека BMW сака да види како ќе се одвиваат работите во тие триесет дена.
Каде точно Mini би можел да се пресели во случај на заминување од островот, сè уште е нејасно. Најверојатно тоа би можело да биде една од веќе постоечките фабрики на групата BMW, но сосема е можно Германците да планираат да отворат нов објект, најверојатно во Источна Европа.
Поврзани артикли