Првите луѓе на Porsche донеlе одлука според која следната генерација na Macan ќе се нуди исклучиво во електрична верзија како силна поддршка за Taycan.
По одличниот старт на хибридната Panamera подоцна оваа година доаѓа електричниот Taycan, а потоа и Taycan Cross Turismo. На почетокот од новата деценија ќе бидеме сведоци на новата генерација на Macan, но во целосно електрично издание. Моделот ќе се произведува во Лајпциг, каде што над 4.000 работници произведуваат дури 90.000 возила.
„До 2022 година ќе инвестираме над шест милијарди евра во електромобилност и до 2025 година веќе секое второ ново возило на Porsche може да има електричен погон. Но, во следните десет години ќе се фокусираме и на погонска мешавина од уште пооптимизирани бензински мотори, plug-in хибридни модели и спортски автомобили со целосно електрични возила. Нашата цел е да станеме лидер во технологијата, па затоа постојано ја насочуваме нашата компанија кон мобилноста на иднината“, објаснува првиот човек на Porsche, Оливер Блум.