Новите сателитски снимки земени од Mars Express ги потврдуваат претпоставките дека „Црвената планета“ некогаш изобилувала со вода. Сликите покажа траги од мрежа на реки кои биле присутни на Марс во далечното минато.
Научниците и астрономите веруваат дека пред околу 4 милијарди години, Марс имал многу вода, што се потврдува со траги од антички крајбрежја, езера и реки. Новите фотографии само ја потврдија претпоставката на научниците.
Се забележува дека фотографиите го прикажуваат јужниот планински регион на Марс, покриен со кратери и богати со траги од можни текови на вода што се случувале во овој регион во антиката.
Поврзани артикли