Google продолжува да биде една од најактивните компании кога станува збор за борбата против ширењето на спам. Технолошкиот гигант користи различни алгоритми со кои откриваат и блокираат слични пораки во интернет. Во официјален блог пост, компанијата се пофали дека благодарение на вештачката интелигенција успеваат да спречат над 100 милиони спам мејлови во Gmail секој ден. Така за прв пат, компанијата открива детали за својата иновативна ВИ платформа.
Всушност името на овој софтвер е „TensorFlow“, откако тој е со отворен код и може да се користи и модифицира од програмерите. Платформата користи огромна база на податоци и напредни алгоритми со машинско учење, за да открие и блокира сомнителните пораки кои ги добиваме во Gmail. Официјалната премиера на TensorFlow беше во 2015 година., Но еве, сега неколку години подоцна почнуваме да ги гледаме реалните резултати од подобрувањата во платформата, пријави DigitalTrends.
Имајте на ум дека „TensorFlow“ работи независно од главните филтри, со кои Gmail автоматски запира преку 99% од пораките кои Google ги дефинира како спам. Ова е, пак, цифра која најдобро покажува колку е навистина сериозен овој проблем. Компанијата ќе продолжи да работи напорно со своите партнери за успешно да се справат со досадните спам-пораки и да ни дозволат да се фокусираме на најважните содржини на интернет.