Останете во контакт со своите пријатели и семејството, а ослободете се од зависноста од Facebook.
Доста ви е од Facebook и размислувате за бришење на својот кориснички профил, но се откажувате поради Messenger и бројните контакти? А дали сте знаеле дека е можно да го користите Facebook Messenger и без активен профил на Facebook?
Постапката е всушност многу едноставна. Доволно е да ја преземете апликацијата Facebook Messenger на својот мобилен уред.
При првото стартување на апликацијата, од вас ќе се бара да се логирате со својот Facebook профил. Наместо тоа, изберете ја опцијаата “Креирај нова сметка” и внесете го своето име и бројот на телефонот. И тоа е тоа. Сега можете да го користите Facebook Messenger без активен профил на Facebook.
Но, што ако имате Facebook профил и го користите Messenger, а би сакале да го изгасите својот профил на Facebook? Да, и тоа е можно. Поточно, дури и кога ќе ја деактивирате својата сметка на Facebook, вашиот Messenger останува активен.
Значи, доволно е да се отиде во Settings на Facebooku и да се избере Manage account. Пронајдете ја опцијата Deactivate your account, внесете ја лозинката, пополнете ја анкетата и потврдете ја деактивацијата на Facebook сметката.
Потоа, едноставно отворете ја апликацијата Facebook Messenger на својот паметен телефон и продолжете да ја користите апликацијата како и досега.